ВИДЕО: Русија ќе продолжи да учествува во црноморскиот договор за житото

Од:

Русија ќе продолжи со учеството во Црноморскиот договор за жито, објави државната новинска агенција ТАСС, цитирајќи го Министерството за одбрана.

Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито, заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина.

Русија во саботата објави дека го „суспендира“ учеството во договорот, откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим. Според Москва, нападите биле извршени користејќи го „хуманитарниот коридор“ во Црното Море за извоз на украинско жито.

Од друга страна, Украина тврдеше дека Русија користи лажен изговор за да не го спроведе договорот.

Би можело да ве интересира

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски