Северна Кореја истрела уште четири балистички ракети

Од:

Северна Кореја денеска истрела уште четири балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.

Претходно утринава Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една падна недалеку од јужнокорејски територијални води, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја.

Нови ракети беа истрелани во 6:51 часот од две локации во провинцијата Северен Пјонган, соопшти Сеул.

По извршената анализа беше објавено дека станува збор за „балистички ракети со краток дострел“.

Сеул утринава соопшти дека севернокорејска ракета ја преминала северната гранична линија за првпат по поделбата на полуостровот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка