Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се потребни долгорочни средства за сигурна одбрана на коридорот за извоз на жито од украинските пристаништа, нагласувајќи дека „светот мора да даде цврст одговор на секој обид на Русија да го наруши“.
Во синоќешното видео обраќање Зеленски рече дека бродовите ги напуштаат украинските пристаништа, благодарение на напорите на Турција и ОН да го одржат коридорот отворен и да функционира.
– На Русија мора да и биде јасно дека ќе добие соодветен одговор од светот на какви било чекори за попречување на нашиот извоз на храна. Овде очигледно се доведени во прашање животите на десетици милиони луѓе, рече Зеленски.
Извор: МИА