Обвинителството на Босна и Херцеговина отвори истрага за наводите дека за време на војната од 1992 до 1995 година, лица кои организирано доаѓале во БиХ и биле подготвени да платат само за да пукаат со снајперски пушки кон граѓаните на Сараево, кое беше под опсада, а чија посебна цел биле деца.
Застрашувачки тврдења беа изнесени во документарниот филм Сараево Сафари, на словенечкиот автор Миран Жупанич, кој за првпат беше прикажан на документарен фестивал на почетокот на оваа година.
По првото прикажување на филмот, градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, поднесе кривична пријава за воени злосторства против непознати сторители за кои се претпоставува дека убиле сараевчани од забава за време на војната.
Градоначалничката Кариќ денеска на Твитер објави дека на нејзина адреса пристигнало известување од државното обвинителство во кое е назначен обвинител кој во соработка со полициските агенции ќе ги испита наводите од пријавата.
По донесувањето на одлуката на Обвинителството, вие како барател ќе бидете писмено известени за тоа“, се наведува во дописот на Обвинителството на БиХ. Откако во септември поднесе кривична пријава, Кариќ објасни како тоа го смета за своја човечка обврска.