Во видео-обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше за руските ракетни напади врз Украина.
„Што им носи „рускиот свет“ на Украинците? Ракети С-300 насочени кон станбени згради, студентски домови и универзитети. Болка, страдање и уништување. Дали се ова преговорите што ги предлагате? Тоа се терористи. Единствениот можен исход од таквата цинична тактика ќе биде нивен пораз и казна за злосторствата“, рече Зеленски.