Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ја посети Флорида, седум дена пред среднорочните избори, со цел да учествува во кампањата на демократскиот кандидат и да се спротивстави на републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис, кој може да му биде противник и на претседателските избори.
Во неговиот прв политички настан во државата каде загуби во 2020 година, Бајден ќе го поддржи демократскиот кандидат за гувернер, Чарли Крист. Од друга страна, цел на претседателот заедно со Де Сантис, ќе биде републиканскиот сенатор на Флорида, Рик Скот.
Се очекува претседателот да го изведе досега најостриот напад врз Де Сантис, тврдат претставници на администрацијата. Бајден и Де Сантис имаа конфликт за повеќе прашања, меѓу нив и за вакцините против ковид-19, абортусот и правата на ЛГБТ заедницата.
Бајден минатиот месец се сретна со Де Сантис за време на патувањето на Флорида, со цел да го процени уништувањето од ураганот „Ијан“.