Шпански филмски продуценти купуваат кино билети поради донации

Од:

Некои филмски продуценти во Шпанија купуваат билети за сопствените филмови за вештачки да ја зголемат нивната гледаност и на тој начин полесно да добијат некоја државна донација.

Најновото дела на режисерот и продуцент Хосе Луис Гарси, добитник на Оскар за најдобар странски филм во 1982 година, „Мадридските денови на Холмс и Вотсон“ не наиде на позитивни реакции кај публиката. Посетеноста на проекциите беше во пад се до последниот викенд, кога порасна дури за 5.300 проценти, откако Гарси купил кино билети за своите проекции.

Но, шпанското Здружение на филмски дистрибутери истакна дека нема конкретни докази за некаква злоупотреба, а Гарси се уште не се има изјаснето за случајот.

Државното кофинансирање на шпанската филмска индустрија двојно е намалена од 2008 година и буџетот за оваа година изнесува 39 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија