Истражувачите во Кина развија три методи за брзо тестирање на вирусот на мајмунски сипаници (MPXV) кои можат да дадат резултат за 20 до 30 минути, многу побрзо од традиционалниот квантитативен ПЦР метод во реално време, јавува Синхуа.
Квантитативниот ПЦР во реално време во моментов е златен стандард за MPXV дијагностика, но за него е хеопходно постоење на обучен лабораториски персонал и специјализирана опрема, а резултатите може да се добијат дури по неколку часа.
Истражувачите од Шангајскиот институт Пастер на Кинеската академија на науките развија три тестови за изотермална амплификација засновани на рекомбиназа за брзо откривање на MPXV и открија дека резултатите од анализата се конзистентни со традиционалниот ПЦР во реално време.
Новите методи на тестирање беа само реактивни на MPXV и не се вкрстено реактивни на други вируси на сипаници, а резултатите можеа да се визуелизираат за 20 до 30 минути, според наодите од студијата објавени во списанието Вируси.
Овие наоди обезбедуваат нова опција за рана дијагноза на потенцијалните случаи на MPXV и ќе помогнат да се контролираат и спречат сегашните и потенцијалните идни епидемии, се додава во студијата.
Извор: МИА