Жител на Иванковци претепан од соселанец со штака и даска од клупа

Од:

Синоќа околу 21 часот, додека Д.П. (51) од с.Иванковци седел на клупа пред продавница во селото, без повод и причина бил физички нападнат од соселанецот Ж.Ѓ. (48).

Имено Ж.Ѓ. откако првин го гризнал за показалецот на левата рака, земал една од штаките на Д.П. и со неа го удрил во пределот на главата, а потоа извадил една даска од клупа и со неа го удрил во пределот на левата рака, по што избегал.

Од нападот, Д.П. се здобил со повреди по главата и телото по што е пренесен на лекување во Медицинскиот центар во Велес. Во тек се мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи