Во услови на сериознa економска и енергетска криза, Општина Аеродром со рационално трошење и ефикасно работење за еден месец успеа да заштеди над 7 милиони денари, средства кои ќе бидат инвестирани во проекти наменети за граѓаните, велат од Општината.
– Ветивме и имаме обврска да креираме одговорни политики на одговорно трошење и штедење, особено во услови на светска економска криза. Ред, одговорност и отченост во работењето се темелите на кои се заснова работењето на актуелно општинско раководство, соопшти Општината.
Рационализацијата на трошоците и инвестиции во проекти кои ќе штедат електрична енергија ќе продолжат и во иднина, а заштедените средства ќе се инвеститираат во проекти за поубав, почист и позелен Аеродром, се додава во соопштението од Општината.