Над 300 ирански новинари бараат ослободување на двете нивни колешки кои известуваа за смртта на Махса Амини

Од:

Над 300 ирански новинари денеска побараа ослободување на двете нивни колешки кои беа затворени за известувањето за Махса Амина, чија смрт во притвор предизвика протести кои претставуваат еден од најголемите предизвици за иранските власти во последните децении.

Нивното барање денеска е објавено во дневниот весник „Етемад“ и други весници низ Иран.

Нилофар Хамеди ги фотографирала родителите на Амина како се гушкаат пред болницата во Техеран, каде нивната ќерка лежела во кома. Фотографијата, што Хамеди ја објави на Твитер, беше првиот знак за светот дека нешто не е во ред со Амини, која три дена претходно беше приведена од иранската полиција за морал поради, како што наведе, носење облека несоодветна на исламските правила.

Елахе Мохамади го покриваше погребот на Амина во нејзиниот курдски роден град Сакез, каде што почнаа протестите.

Во заедничката изјава од пред два дена, иранското Министерство за информации и разузнавачката служба на Револуционерната гарда ги обвини Хамеди и Мохамади дека се странски агенти на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Апсењата се во согласност со официјалниот наратив дека заколнатите ирански непријатели – САД, Израел и другите западни сили и нивните локални агенти, стојат зад немирите и се обидуваат да ја дестабилизираат земјата.

Во изминатите шест недели од почетокот на протестите во Иран приведени се најмалку 40 новинари, наведуваат

групите за човекови права, додавајчи дека нивниот број се зголемува.

Првичниот бес предизвикан од смртта на Амина на 16 септември се претвори во голем бунт од луѓе од сите сфери на животот.

Во него досега значајна улога одиграа студентите и жените, при што жените ги палат своите превези додека толпата повикува на смрт на врховниот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи и соборување на Исламската Република, која ја потисна целата опозиција од револуцијата во 1979 година.

Нема знаци дека репресијата ќе го намали народниот гнев, дури и откако озлогласениот командант на Револуционерната гарда генералот Салеми вчера ги предупреди демонстрантите дека вчерашниот ден беше нивниот последен ден на улиците, што е најстрого предупредување досега.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он