Амирабдолахиан: Иран подготвен на разговори со Украина за руските напади со дронови

Од:

Иран е подготвен на директни разговори со властите во Киев за руската употреба на ирански беспилотни летала во конфликтот во Украина, изјави првиот ирански дипломат Хосеин Амирабдолахијн, јави ДПА.

Шефот на иранската дипломатија во телефонски разговор му соопштил на својот украински колега Дмитро Кулеба дека „ сме подготвени да разговараме и да го решиме ова на билатералните технички состаноци со Киев“, се наведува во соопштението на веб-страницата на министерството, преенсена од германската агенција.

Амирабдолахиан изјави дека Иран има добри односи и долгогодишна воена соработка со Русија, но, исто така, тој кажал дека Техеран е против војната во Украина и го отфрла директното учество во конфликтот.

Украинската војска вчера соопшти дека досега соборила повеќе од 300 руски беспилотни летала камикази од типот „Шахед-136“, произведени од Иран.

„Се претпоставува дека Русија нарачала 2.400 вакви беспилотни летала од Иран“, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили.

Иранското раководство досега негираше дека и доставило на Русија беспилотни летала.

Техеран никогаш не ја критикуваше руската инвазија врз Украина, па дури ја опиша и како оправдана контрамерка на проширувањето на НАТО кон исток, наведува ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он