Две лица се удавија во големите бранови, а други троjца се спасени од присутните капачи на големата плажа во албанското летувалиште Велипоја, по силното невраме што го зафати Јадранското Море.
Несреќата се случи вчера попладне кога еден косовскиот државјанин влегол во морето.
Поради големите бранови тој почнал да вика за помош бидејќи брановите го повлекувале.
На помош притрчал жител на албански град Скадар, кој се обидел да му помогне, но и двајцата веќе не излегле на површината на водата.
Уште три лица се обиделе да помогнат, кои благодарение на интервенцијата на албанската полиција биле извлечени од морските води во кои потонале. Тие во тешка состојба биле префрлени во регионалната болница и се надвор од животна опасност.