Техеран смета дека странски разузнавачки служби стојат зад протестите во земјата

Од:

Иранското Министерство за разузнавање и Корпусот на Исламската револуционерна гарда излегоа со заеднички став дека зад протестите во земјата стојат разузнавачките агенции на САД, Велика Британија, Израел и Саудиска Арабија.

Како што се наведува во заедничката изјава, странските разузнавачки агенции „очигледно одиграле улога во немирите и насилството во Иран, со цел да ја поткопаат безбедноста на земјата“, наведе Тасс.

Во соопштението се додава дека „повеќето од немирите биле поттикнати од членови на израелски Мосад во соработка со радикални исламски групи“.

Иран ги обвинува странските разузнавачки агенции дека испраќаат воена и шпионска опрема во земјата и дека американската разузнавачка служба обучувала ирански агенти, вклучувајќи го и камерманот кој прв ја снимил Махса Амин додека била во болница.

Протестите во Иран почнаа по смртта на 22-годишната Махса Амин, на 16 септември, кога беше уапсена од полицијата за морал поради неправилно носење хиџаб.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он