Мицкоски открива кој владее со Македонија, не му пречи „шпицен”, но ѝ подели бесплатни совети на Данела

Од:

И Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, со потерница ќе го враќа бегалецот Никола Груевски, доколку дојде на власт. Во интервју за „А1он“ посочува дека секој што е правосилно осуден треба да одговара. Мицкоски одговара за поврзаноста на Груевски со градоначалничката Данела Арсовска, открива што ја учел во време на кампањата, но и за разочараноста од нејзината работа.

Тој јавно ѝ упати и бесплатни совети, одговарајќи за обвинувањата дека е со „рачињата во медот“ и во Скопје се обидува да биде „шпицен градоначалник“. Кажа и негови очекувања дали Арсовска ќе има четиригодишен мандат.

Дали ќе се дозволи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласат за уставни промени и вметнување на Бугарите, кои се условите. Какви се односите на Мицкоски со пратениците кои гласаа промена на името, има ли поддршка од старите вмровци, со кого е скаран.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ говори и за енергетската криза. Очекува струја да има, кажува и очекувања за можни рестрикции.

Во интервјуто, Мицкоски е дециден дека еден ден ќе биде премиер. Открива и кога очекува да има предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Реформите ги спроведуваме заради граѓаните, а не поради притисок од Брисел

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Мицкоски: Оваа Влада гради и реализира, наместо да ветува

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери