Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното
масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 29.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)