Продолжен рокот за барање субвенции до 31 октомври 2013 година

Од:

Рокот за поднесување барања за субвенции што требаше да заврши на 30-ти овој месец, се пролонгира до 31 октомври, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Продолжениот рок за аплицирање ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување барања. Доколку некое земјоделско стопанство не го остварило правото на директни плаќања по поднесено барање во 2012 година поради подмирување на овие обврски со задоцнување, ќе може да го оствари оваа година со поднесување посебно барање кое може да се подигне во подрачните единици на Министерството, стои во соопштението.

МЗШВ ги потсетува сите земјоделски стопанства, баратели на субвенции, дека рокот за подмирување на обврските по основ на воден надомест и надомест за користење пасишта истекува на 31.10.2013 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница