Њујоршката фондација „Трејн“ ја додели наградата за граѓанска одважност на рускиот опозиционер Алексеј Навалани, јави Радио Слободна Европа.
Церемонијата на доделувањето на наградата беше синоќа во универзитетот Њујорк, а во име на Навални ја прими соборецот Леонид Волков.
Опозицонерот се наоѓа во затвор во Русија, осуден во политички монтиран случај поради својата долгогодишна критичка антикорупциска и антивладина дејност.
Волков изјави дека Навални секој ден ја докажува својата храброст со издржување на затворската казна во руски затвор.
На церемонијата настапи и Михаил Баришников, познат руски балетан, кореограф и актер. Според него, „мисјата на Навални е да „одбрани еден подемократско образ на Русија“.
Баришников, кој избега од Советскиот Сојуз за време на канадска турнеја со советскиот национален балет во 1974 година, а потоа се пресели во САД, изјави и дека Навални е „налудничаво храбар“ во борбата со „една поинаку жестока авторитарна Русија“.
Џон Трејн, кој почина во август и кој е основач на фондацијата, беше инвеститор и граѓански активист. Бил назначен за директор на неколку владини агенции за Африка, Азија и Централна Европа за време на претседателите Роналд Реган, Џорџ Буш и Бил Клинтон.
Извор: МИА