Тројца британски министри поднесоа оставки

Од:

– Тројца министри во британската влада денеска поднесоа оставки, неколку часа откако Риши Сунак, новиот лидер на Конзервативната партија, стана премиер.

Сега кога се очекува тој да почне да именува членови на новата влада, оставка поднесоа министерот за правда Брендон Луис, министерот за економија и енергетика Џејкоб Риз – Мог и министерката за труд Клои Смит, jaви Би-би-си.

По хаотичниот шестнеделен премиерски мандат на Лиз Трас, Конзервативната партија настојува да се консолидира и да го запре падот на нејзината популарност.

Покрај борбата против економската криза, што беше означена како приоритет, Сунак ќе се обиде и да ја врати разнишаната доверба на гласачите во Конзервативната партија, што е на власт од 2010 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година