Кличко: Причината за оваа бесмислена војна е нашата желба да бидеме дел од европското семејство

Од:

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека на Украина и е потребна меѓународна помош за обнова за „да изгради европска иднина одвоена од авторитарната и диктаторска Русија на Владимир Путин“.

Кличко, градоначалник на Киев од 2014 година, рече дека главен приоритет на Украина е да победи во војната, но дека долгорочна цел е обнова на земјата, пишува Гардијан. Кличко се надева дека реконструкцијата ќе помогне да се вратат милионите луѓе кои ги напуштија своите домови.

Нашиот следен чекор е реконструкција на земјата и спроведување на бројни реформи за да бидеме во Европа по квалитет на живот, не само географски, рече градоначалникот на Киев.

„Путин ја започна инвазијата затоа што Украина сака да биде независна, слободна и демократска земја“

Кличко вели дека желбата на Украина да биде независна, слободна и демократска земја е причината зошто Путин ја започна инвазијата.

„Причината за оваа бесмислена војна е нашата желба да бидеме дел од европското семејство, со европски квалитет на живот, со вредности – човекови права, слобода на печатот, демократски вредности. Русија никогаш не го прифати ова бидејќи ја сметаат Украина дел од руската империја.Не сакаме да се вратиме во СССР“, изјави Кличко за Гардијан.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море

На потег е Западот, Москва дополнува: Пораката од Путин е јасна и многу важна

Предраг Петровиќ

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ