Акциска контрола по угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово, приведени 12 лица

Од:

Вчеравечер во периодот од 23.35 часот до 01.20 часот, полициски службеници на МВР во содејство со полициски службеници на СВР Тетово и Државен инспекторат по труд спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на 33-годишниот Х.А. од тетовско Боговиње, извести МВР.

– При контролата, од слобода бил лишен Г.Б.(52) од Хрватска, затоа што кај него бил пронајден кокаин, а затекнати и поради нелегално вработување приведени се и П.О.(20) од Украина и Ј.Ѓ.(29) од Србија. Трите лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Полициски службеници на МВР, СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар и Државен инспекторат по труд, вчера (24.10.2022), исто така, спровеле акциска контрола и во Гостивар и околу 11.00 часот, поради злоупотреба на туристичкиот престој, приведени се Џ.А.(39), Ш.У.(43), В.У.(46), С.Д.(46), сите од Република Турција, Р.К.(54), Г.Б.(56) и А.Ј.(41), сите од Република Албанија и М.Р.(55) од Република Србија, соопшти МВР.

Покрај овие лица, поради попречување на полициски службеници во извршување на службени дејствија, во 12.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар e приведен Ј.З. од гостиварско Чегране. Сите се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници