Кирби: Бајден и натаму е против испраќање американски војници во Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден останува на својот став да не се испраќаат војници во Украина, изјави Џон Кирби, координатор на Белата куќа за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност.

Тој ја коментираше неодамнешната сторија на телевизијата Си-би-ес во која командантот на американската 101-та воздушна дивизија, која пристигна во Романија, зборуваше за неговата подготвеност „да ја премине границата и да влезе на територијата на Украина“.

Според Кирби, тоа би било можно само во случај на воена ескалација или напад врз НАТО.

Кирби истакна дека Бајден не ја променил својата одлука да не ја вклучува војската во овој конфликт.

-Не сум разговарал со командата на 101-та воздухопловна дивизија, знам дека тие учествуваат во вежбите на НАТО, со некои од нашите сојузници. Меѓутоа, претседателот беше многу јасен. Американската војска нема да се бори во Украина, нагласи Кирби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 34 украински беспилотни летала

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски