Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека државата е подготвена да ги казни оние кои убивале цивили со смртоносен гас во Сирија, додавајќи дека тоа најмногу наликува дека е дело на сирискиот режим.
– Граѓанската војна во Сирија денес е закана за светскиот мир. Има индикации да веруваме дека режимот извршил такви напади, изјави Оланд.
Францускиот претседател посочи дека светот има одговорност да ги заштити цивилите и да реагира.