Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата рече дека електричната енергија е вратена во некои делови на Украина каде што беше исклучена поради руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура. Вчера, за потсетување, руските сили истрелаа 30-40 ракети врз украинските енергетски капацитети, поради што околу 1,5 милиони домаќинства останаа без струја.
Зеленски рече дека снабдувањето со електрична енергија е делумно обновено во јужниот регион на Одеса и во западните региони на Кмелницки и Ривне.
„Непријателот може привремено да ни пресече, но позитивни вести доаѓаат и од другите региони. Но, во многу градови, во многу региони, поправките сè уште се во тек. Се обидуваме да ја вратиме електричната енергија на нашите граѓани што е можно поскоро“, рече украинскиот претседател.
Тој ги повика граѓаните да продолжат штедливо да ја користат струјата и да ја ограничат употребата на уредите кои трошат многу струја.
„Стабилноста на електричната мрежа на целата земја зависи од секој град и населено место во Украина“, рече тој, а потоа додаде:
„Дури и ако непријателот може привремено да не остави без струја, тој никогаш нема да не остави без желба да направи вистинските работат како што треба, да ги санираме и да се вратиме во нормала“.