Стотици пожарникари се борат со пожар на планината Килиманџаро

Од:

Стотици пожарникари денеска го гасат пожарот на планината Килиманџаро, соопштија локалните власти во Танзанија.

Никој не е повреден во пожарот што избувна во петокот, изјави регионалниот комесар Нурдин Бабу за ДПА, додавајќи дека причината допрва треба да се утврди.

Густите облаци чад како и ветровите им ја отежнуваа работата на 320-те пожарникари, а пожарот гори на надморска височина од околу 3.900 метри.

Управата за национални паркови на оваа источноафриканска земја соопшти дека лесно запаливи растенија растат на погодениот дел од планината, во климатска зона слична на ридовите.

Ова не е прв пожар на Килиманџаро. Пред околу две години, жителите и вработените во управата за паркови по неколку дена успеаја да изгаснат пожар.

На околу 6.000 метри, Килиманџаро е највисоката планина на континентот и популарна туристичка дестинација во Танзанија. Секоја година ја посетуваат околу 50.000 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 40 станари, меѓу нив и деца се затруле со чад во опожарената зграда во Чаир

ВИДЕО: Пожарникар пренесен на Токсиколигија, вдишал чад при гаснењето во Чаир

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар