За прв пат по речиси 80 години, во услови на зголемени тензии меѓу Русија и НАТО, 101-та дивизија за воздушен напад на американската армија е распоредена во Европа.
Лесната пешадиска единица е обучена да се распореди на кое било бојно поле во светот за неколку часа, подготвена за борба.
CBS News ги следеше заменик-командантот на дивизијата, генерал Џон Лубас и полковникот Едвин Матаидс, командантот на борбениот тим на Втората бригада, во хеликоптер Блек Хок за време на едночасовното возење до самиот раб на територијата на НАТО – околу пет километри од границата на Романија со Украина.
Повеќе од седум месеци Русите се обидуваат да го пробијат брегот на Црното Море во регионот Херсон, со цел да ги освојат клучните украински пристанишни градови Миколаев и Одеса. Нивната цел е да го прекинат пристапот на Украина до морето, за Украина и нејзините воени сили да останат без излез на море.
Токму поради оваа закана една од најелитните американски дивизии за воздушни напади беше испратена во Романија.