Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија не треба да успее во своите акции за време на војната во Украина.
Како што нагласи, дарежливото финансирање на режимот во Киев треба да се исплати.
„Потрошивме многу пари за да им помогнеме на Украинците. Но, се работи за многу повеќе од Украинците – се работи за НАТО, Западна Европа. Се работи за тоа да се осигураме дека Путин нема да успее“, рече Бајден.
Претходно американскиот претседател најави дека има намера да се кандидира за следните претседателски избори во 2024 година, но дека се уште не донел официјална одлука за тоа прашање.
Белата куќа минатата недела објави дека САД издвојуваат дополнителни 725 милиони долари воена помош за Украина, што досега надминува 17,5 милијарди долари.