Мицкоски: Власта се задолжува повеќе, парите се трошат ненаменски или се крадат

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на зголемувањето на јавниот долг, направи паралела помеѓу владата на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2007 до 2016та година, и владата на СДСМ во период од 2018та до крајот на 2021 година, укажувајќи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ се задолжувала но произведувала, за разлика од сега со СДСМ кога го зголемува долгот не за зголемување на производството туку за да крадат и ненаменски да трошат.

Многу граѓани ми го поставуваат прашањето, велат ние лошо живееме а овие од владата велат дека е одлична состојба, во што е проблемот. Се трудам да го поедноставам одговорот и со бројки тоа да го опишам. И споредувам два периоди, владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2007 до 2016та година, и владата на СДСМ од 2018та до крајот на 2021 година, не ја земаме во предвид 2022 година и украинската криза. Во владата на СДСМ долгот годишно просечно растел за 590 милиони евра, додека БДП годишно просечно растел 430 милиони евра. Значи парите ги позајмувале и ги трошеле не за да го зголемат производството, туку или да ги крадат или ненаменски да ги трошат. Затоа што сметката билансот е минус 160 милиони евра, вели Мицкоски.

Е сега како било во владата на ВМРО-ДПМНЕ, се задолжувала државата да, просечно годишно по 290 милиони евра, но затоа БДП просечно растел 418 милиони евра, што значи дека сметката била позитивна и се задолжувале, но затоа се произведувало повеќе и бруто сметката, билансот бил плус 128 милиони. И затоа тогаш подобро се живееле за разлика од денеска. Денеска многу крадат и многу трошат ненаменски, тоа е разликата меѓу тој и овој период, и затоа граѓаните викаат лошо живееме, а овие викаат дека економијата ни оди во вистинска насока, објасни тој.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека е вчудоневиден од лошите политики кои ги спороведува владата и истакна дека колку побрзо замине владата на СДСМ, толку подбро за сите граѓани и државата.

Јас навистина сум вчудоневиден од лошите и погрешни политики од страна на оваа влада и ценам дека колку побрзо заминат толку подобро ќе биде и за граѓаните и за Македонија, дециден е тој.

Во однос на оправдувањата на владата дека инфлацијата е увезена, Мицоски потенцираше дека тоа е небулоза бидејќи стапката на инфлација во Европа е 10 проценти, додека кај нас е 20 проценти. Правдањето на владата за инфлацијата дека е увезена е небулоза, како може да биде увезена кога во Европа таа е 10 проценти, а кај нас е 20 проценти. Како е увезена ако кај нас млекото, маслото, лебот и останатите основни производи бележат зголемени цени на месечно ниво, споредено со истите месеци минатат година за 30, 40, 50 проценти, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Во Вашингтон средби на Мицкоски со соработници на Трамп и бизнисмени

Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Мицкоски на работни средби во САД, во фокусот можноста за инвестиции во државата

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски оди на инаугурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Мицкоски за седницата за интерпелации: Очекувам неосновани критики и обид што ќе заврши неуспешно

А1он