(ВИДЕО) Лукашенко за поскапувањето на кафето во Белорусија: Не го пијам, па жив сум и здрав

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко повторно е во центарот на вниманието поради своите изјави.

На средбата во Палатата на независноста, тој го коментираше поскапувањето на увозните стоки, бидејќи ден претходно и постави задача на Владата да изготви мерки за контрола и регулирање на цените.

Лукашенко рече дека некои стоки како кафе, банани и слично ќе поскапат. Како оправдување наведе дека тоа не зависи од Белорусија, па додаде дека граѓаните не треба да се нервираат кога кафето ќе поскапи, бидејќи тоа не е најголема грижа.

„Кој сака кафе -нека пие! Ако кафето поскапе – добро, извинете! Можам да понудам млеко, чај. Не пијам кафе и сум жив и здрав!“, изјави Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина

Лукашенко помилува Германец осуден на смрт во Белорусија

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин