Дамаск го обвини денеска американскиот државен секретар Џон Кери дека лаже во изјавата оти постојат цврсти докази за масовен напад со хемиско оружје во Сирија, кој веројатно го извршил режимот на претседателот Башар ал Асад.
Во соопштението, кое го објави сириската агенција САНА, се наведува дека инсистирањето на Кери на „заобиколувањето“ на работата, која во Сирија ја вршат експертите за хемиско оружје на Обединетите нации покажува дека Вашингтон намерно се обидува да ги искористи настаните.
– Џон Кери фабрикува докази, се додава во соопштението.