Руски авиони патролираат по белоруските граници

Од:

Руските воздушни сили денеска патролираат на границата на својот сојузник Белорусија, објави Минск, бидејќи западните земји веруваат дека таа земја може да преземе поактивна улога во руската агресија врз Украина.

Русија распореди дополнителни 9.000 војници и воена опрема во соседната земја, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела изјави дека неговата земја е нападната од Украина. Руската авијација „врши планирана патрола на воздушните граници на Државниот сојуз“, соопшти Министерството за одбрана во Минск, повикувајќи се на името на бесцаринската зона на двете земји.

Русија ја нападна Украина од Белорусија на 24 февруари, испраќајќи војници и опрема за подоцна неуспешна офанзива на Киев. Белорусија и Украина ја делат границата долга 1.085 километри, која во најблиската точка е на само 100 километри од главниот град на Украина.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна