(ВИДЕО) Шутаров: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги оставија скопјани без јавен превоз, а вработените во ЈСП без плати

Од:

„Кулминираше неспособноста на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска. За првпат во историјата главниот град на државата е оставен без јавен превоз. Жителите на Скопје, учениците, студентите, работниците, пензионерите се оставени без основната потреба, без превоз од Јавното сообраќајно претпријатие“, рече Гордан Шутаров, советник на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

„Истовремено, возачите и вработените во ЈСП се оставени во една катастрофална состојба, без пари, без плати и тоа во време на економска криза.

Катастрофата, хаосот што се случува во град Скопје е резултат единствено на неспособноста на кадрите, на медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка.

Иако од буџетот на Град Скопје оваа година за ЈСП се наменети 8,6 милиони евра, долгот на ЈСП е драстично зголемен. Направен е долг од 1 милион евра за една година.

Тоа се причините зошто возачите, вработените во ЈСП немаат земено плати, тоа се причините зошто во Скопје нема јавен градски превоз.

Зафатени со тендери и провизии, од ВМРО-ДПМНЕ заборавија на граѓаните и вработените во јавните претпријатија.

Пред една година Мицкоски и Арсовска заедно на скопјани им ветуваа бесплатен јавен превоз, а сега јавниот превоз воопшто го нема, ЈСП е во колапс.

СДСМ и советничката група се на страната на граѓаните, на страната на возачите и работниците во ЈСП.

Ќе ја поддржиме одлуката за пренамена на пари на ЈСП за да им е исплатат платите, за скопјани повторно да добијат јавен превоз.

Но истовремено, ќе бараме и отчет и одговорност. Јавноста треба да знае зошто се направени долговите и дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување со нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари?

Актуелната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е една од поголемите непогоди што го зафатија Скопје“, изјави Гордан Шутаров, советник на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски