Универзитетските професори денеска на масовен штрајк, Рама им порача нема повисоки плати

Од:

Синдикатот на вработените во високото образование во Албанија денеска ги повика професорите и сите вработени во високото образование на масовен протест поради неисполнување на барањето за повисоки плати.

Од друга страна премиерот Еди Рама преку објава на Твитер наведува дека тие што протестираат не се мнозинството, туку малцинството и им порача дека нема зголемување на платите

-Што се однесува до натамошното покачување на платите, повторувам, тоа нема да се случи додека не дојде редот, по пензионерите на крајот на годината и по крајот на зимата, кога ќе ги избалансираме трошоците за заштита поради високите цени на електричната енергија, напиша Рама.

Преку објавата тој ги напаѓа медиумите.

– Медиумите масовно се ангажираа да го претстават протестот на малцинството предавачи како масовен, под водство на нивни нонграта, зборуваат за наводен ветинг на професорите. Нема да се прави ветинг, ниту е кажано, ниту размислуваме за тоа, наведува Рама.

По тридневен бојкот, Синдикатот на вработените во албанските универзитети најавувајќи за денеска „национален протест” побара поддршка од студентите и опозицијата за реализација на нивните барања.

Тие бараат зголемување на платите за 30 отсто оваа и 20 отсто следната година, додека владата одобри 7 отсто од буџетот, како и 8 отсто од средствата на универзитетите.

Во меѓувреме, студентите на некои факултети изјавуваат дека вчера одржале настава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ