Претреси во Велес, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Од:

Вчера во периодот од 12.10 до 17.50 часот на улиците „Христо Тататрчев“ и „11 Октомври“, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода 36-годишните Т.Б., Б.П. и Т.Џ. од Велес, извести МВР.

– Во домовите на Т.Б. и Б.П., биле извршени претреси со судска наредба. Притоа, во домот на Т.Б. биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана и дигитална вага, а во домот на Б.П. била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Додека, при преглед кај Т.Џ. било пронајдено и одземено едно пакување со марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски