Зеленски на „стратешки состанок“ за енергетската безбедност

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разговараше со високи претставници на земјата за безбедноста на објектите за снабдување со електрична енергија, по руските воздушни напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски рече дека станува збор за „стратешки состанок“ и дека со неименувани претставници разговарал за мерките за „елиминација на последиците во случај на дефект на енергетскиот систем на Украина“.

„Работиме на создавање мобилни точки за напојување за критичната инфраструктура на градовите, населбите и селата“, напиша украинскиот лидер на Телеграм.

Тој додаде дека се подготвуваат за различни сценарија за можни последици и дека Украина ќе се брани, „без разлика што планира и прави непријателот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски