Белорусија денеска соопшти дека почнала да ги повикува граѓаните да проверат дали ги исполнуваат условите за воена служба, но дека не планира мобилизација.
„Активностите за воена регистрација и запишување се строго рутински и се очекува да бидат завршени до крајот на оваа година“, соопшти белоруското Министерство за одбрана.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела објави дека Белорусија и Русија почнале да распоредуваат заеднички вооружени сили долж границите на државата.
Извор: МИА