Русите евакуираат 60 илјади луѓе од Херсон

Од:

Синоќа, проруските лидери на окупираната област Керсон предупредија на претстојната „тешка“ ситуација поради украински контранапад, што го очекуваат „во блиска иднина“.

Москва синоќа потврди дека градовите на десниот брег на реката Днепар ќе бидат евакуирани. Утрово прорускиот лидер на Херсон, Владимир Салдо, кој беше поставе од Русија, изјави дека меѓу 50 и 60 илјади луѓе ќе бидат префрлени во Русија и на левиот брег на реките Днепар.

Евакуацијата најверојатно ќе трае шест дена, изјави Салдо за руската новинска агенција ТАСС на режимот.

Претходно, друг проруски лидер на Херсон, Кирил Стремусов, изјави дека „битката за Херсон ќе почне во блиска иднина“. Тој утрово повторно зборуваше, велејќи дека „ситуацијата не е променета“.

„Одбраната на периферните делови на регионот Херсон е подготвена да одбие секој напад на укронацистичките платеници“, рече Стремусов.

„Не ја исклучуваме можноста за гранатирање на десниот брег и затоа бараме цивилите да се префрлат на левата страна за да се избегнат жртви“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски