Триесетина членови на Фолклорниот ансамбл „Кочани“ денеска заминаа на турнеја во Република Турција. Ќе настапат на межународниот фолколорен фестивал во општина Ќепез во Анталија, каде што ќе го презентираат македонскиот фолклор, песна и музика.
– Ќе одржиме три концерти во околината на Анаталија и ќе ги изведеме познатите македонски сплетови од песни, игри и ора: „Водарки“, „Жетварки“, „Цвеќеберачка“, „Калајџиско“, како и ората „Осоговско“, „Повадарие“ и „Источна“, изјави Тони Манасиев, потпретстедател на Фолклорниот ансамбл „Кочани“ од Кочани. По враќањето од Турција Фолклорниот ансамбл „Кочани“ го очекува настап на меѓународната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, како и гостување во Босна и Херцеговина.