Довербата во демократите намaлена неколку недели пред конгресните избори во САД

Од:

Неколку недели пред среднорочните избори во САД републиканците ја подобрија позицијата со тесно водство пред демократите – главна причина се загриженоста од економијата и инфлацијата, се дознава од најнова анкета на Њујорк тајмс и Сиена колеџ.

Според анкетата, 49 отсто од испитаниците се определиле дека на изборите на 8 ноември најверојатно ќе гласаат републиканците да ги претставуваат во Конгресот, додека 45 отсто демократите. За републиканците ова е подобар резултат од претходниот во септември, кога демократите водеа за еден процентен поен.

Американците се загрижени од економијата, пред сѐ поради незапрената инфлација и постепениот пад на берзите. Бидејќи на власт се демократите, како најодговорни, тоа ќе биде определувачко за кој тие ќе го дадат својот глас.

Односно, 44 отсто укажале дека се загрижени за економијата, голем скок од 36 отсто во анкетата во јули. Се дознава дека гласачите најзагрижени за економијата во огромно мнозинство, или повеќе од два наспроти еден, би гласале за републиканец претставник во Конгресот.

Од анкетата исто така се дознава дека и независните и жените се свртуваат кон опозициската Републиканска партија, и покрај активноста на демократите за заштита на правото на абортус.

Првите среднорочни избори за една администрација традиционално се предизвик за партијата на власт. Демократите се соочени со ова под бремето на претседателот Џо Бајден, чиј рејтиг на неодобрување е 58 отсто, вклучувајќи 63 отсто кај независните гласачи.

На овие избори, демократите немаат многу маневар за калкулации. Нивното мнозинство во Претставничкиот дом е тенко, додека распределбата на сенатските места е 50 на 50, каде загуба од само едно место води кон републканско мнозинство.

Републиканците ветуваат дека доколку земат контрола, во Сенатот или во Претставничкиот дом, ќе започнат серија истраги за работата на неговата администрацијата на Бајден и за неговото семејството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел