Дванаесет белоруски опозициски активисти се осудени на казни од 2,5 до 25 години затвор на судењето за „тероризам“ како што беше наречено големото протестно движење од 2020 година, објави денеска организацијата за човекови права „Весна“.
Николај Аутуковиќ, водач на групата според обвинението, осуден е на 25 години затвор на крајот од процесот што започна во мај.
Уште 11 активисти во Белорусија се осудени на затворски казни од две и пол до 20 години.
Аутуковиќ е обвинет за „тероризам“ и за подготовка на чинот „тероризам“ во организирана група, велепредавство и заговор за преземање на власта, соопшти организацијата „Весна“.
Тој е 59-годишен поранешен офицер и ветеран од советската војна во Авганистан. Исто така и помогна на опозицијата да собере средства за напорите да се спротивстави на белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој владее повеќе од 28 години.
Извор: МИА