На социјалните мрежи се шири видео од руски војник кој се жали на состојбата во воениот камп во кој се сместени неодамна мобилизираните војници. Снимката беше објавена на Твитер од Џулија Дејвис, репортер на Дејли Бист, која вообичаено објавува клипови од емисиите на руската телевизија.
Meanwhile in Russia: take a look at the way the newly-mobilized recruits are being treated. An unnamed man complains that his shoes, his money and his mattress got stolen. He says, that’s just the way it is. Everyone got sick, because they are barely heating the tents. Grim. pic.twitter.com/z52jjgXCGn
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) October 16, 2022
„Немам ни патики, ни чизми, вака одам сега“, рекол на почетокот неименуваниот војник, а потоа покажал кон шаторите во кампот.
Сите војници стационирани во кампот се од Ханти-Мансијск, град кој се наоѓа на околу 3.000 километри источно од Москва.
„Се снаоѓаме како знаеме, нема друг начин“, рече тој, а потоа покажа кон внатрешноста на шаторот. Целиот шатор се загрева на една печка, поради што половина од војниците настинале, вели тој.
„Треба да видите на какви душеци нè натераа да спиеме, додека и нив не ги украдоа. Овде нема друг начин да се преживее. Ако се оддалечите од шаторот, греалката ќе биде украдена, а да не зборувам за моите лични работи. Не ми останаа ни патики, ни пари“, рече тој.
Вели и дека му се пожалил на командирот, кој му одговорил: „Јас сум мајка ти или тато? Сам најди си ги работите“.