Целосно изгаснат пожарот кај кичевско Крушино

Од:

Пожарот што изби во саботата во попладневните часови над населбата Ивандол во Кичево, во близина на излетничкото место Крушино, во целост е изгаснат.

– Пожарот е изгаснат вчера во попладневните часови, по што се надеваме дека нема повторно да се обнови, изјави Сузана Тасевска, директор на Центарот за управување со кризи – Подрачна единица Кичево, додавајќи дека дождот што од претпладнево врне во Кичево ќе помогне да не се обнови жариштето.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека огнената стихија зафати површина од 50 хектари со борова шума. Во гаснењето на овој пожар интервенираа два хеликоптери на АРМ, еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување, 30 лица од ШС „Лопушник“, тројца пожарникари со едно противпожарно возило, како и месното население.

Градоначалникот на Кичево Дехари по обиколката на опожареното место изрази благодарност до сите оние кои учествуваа во гаснењето на пожарот кој по првичните проценки зафати околу 50 хектари претежно борова шума.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Еден загинат, 11 повредени во пожар во станбена зграда во Сеул

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска