Украинците нудат 100.000 долари за човекот кој се бореше во Донбас за Путин

Од:

Поранешниот агент на ФСБ и десничарски националист Игор Гиркин (Стрелков) е еден од главните проруски сепаратисти во Украина, а сега украинските власти нудат огромни пари за него.

Кој е Игор Гиркин или Стрелков? Во 2014 година, Игор Гиркин беше во центарот на настаните во Украина. Тој пристигнал на Крим со група вооружени лица, каде, според неговото признание, со закани со оружје ги принудиле локалните претставници да гласаат за референдум за отцепување.

По референдумот тој го напушти Крим, но набрзо повторно влезе во Украина, овој пат во регионот на Донецк, повторно со група вооружени лица. Неговиот тим ги окупираше административните згради во Славјанск и најави создавање на ДНР. Гиркин дури извесно време беше министер за одбрана на ДНР. По конфликтот со локалните водачи на ДНР, тој беше вратен во Русија.

Тој е поврзан со соборувањето на малезискиот патнички авион, во кој загинаа 298 патници, за што му се суди во отсуство во Хаг. Обвинителството бара доживотен затвор за Гиркин.

Украинците за него нудат 100.000 долари. „ГУР гарантира 100.000 долари за заробениот Игор Гиркин – Стрелков“, беше објавено на Фејсбук и на другите социјални мрежи.

„Главното разузнавање на Министерството за одбрана на Украина гарантира исплата на 100.000 долари за трансфер на Игор Гиркин (Стрелков) во украинско заробеништво“, пишува во објавата.

Според украинските медиуми Стрелков наводно (повторно) се вклучил во војната во последните неколку дена.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ