Турција: Се затвора рудникот за јаглен во кој загинаа 41 рудар

Од:

Рудникот за јаглен во Амасра во турската област Бартон, каде што 41 рудар загинаа по експлозијата во петокот, ќе биде затворен. Ова за Хаберлер го изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез.

Тој истакна и дека пожарот во галеријата на длабочина од 300 метри продолжува да гори. Засилување во противпожарна опрема и екипи пристигнаа од соседните окрузи.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека очекуваат што поскоро да се расветлат причините за експлозијата во рудникот. Петмина обвинители работат на неколку верзии, посочи министерот.

Едната верзија е дека експл озијата била предизвикана од експлозија на каустичен гас, што го предизвикало и пожарот во галериите лоцирани на длабочина од 300 и 250 метри.

Друга верзија што беше објавена порано е дека дефект во трансформатор го предизвикал пожарот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека на семејствата на загинатите работници ќе им бидат исплатени по 1.350.000 турски лири (околу 75 илјади евра).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски