Американскиот претседател Џо Бајден фати млада девојка за рамо и ѝ рече „нема сериозни врски со момчиња додека не наполниш 30 години“ додека позираше со тинејџерката и нејзините пријатели на колеџот Ирвин Вали во Калифорнија.
Претседателот го посети колеџот за да ги пофали напорите на неговата администрација за намалување на инфлацијата и намалување на трошоците. Кога го заврши обраќањето, тој стана да позира со некои од оние кои се собраа да го слушаат, пренесува Дејли Мејл.
Покрај објаснувањето како може да ја спречи инфлацијата и да ја намали цената на лековите, Бајден понуди и совети за љубовни врски.
President Joe Biden grabs a young girl by the shoulder and tells her “no serious guys till your 30” as she looks back appearing uncomfortable, secret service appears to try to stop me from filming it after Biden spoke @ Irvine Valley Community College | @TPUSA @FrontlinesShow pic.twitter.com/BemRybWdBI
— Kalen D’Almeida (@fromkalen) October 15, 2022
– Сега, многу важна работа што им ја кажав на моите ќерки и внуки – нема сериозни врски со момци до 30 години – и рече Бајден на збунетата девојка.
Девојчето изгледа како да му е непријатно и нервозно се смешка додека се врти да го погледне претседателот на САД, кој продолжува да ги става рацете на нејзиното рамо.
– Ќе го имам тоа на ум – одговори девојката со насмевка.
Момент го сними репортерот Кајлен Д’Алмеида, кој потоа го објави на Твитер. Тој истакна дека агент на Тајната служба се обидел да го спречи да снима додека се случила непријатната случка.
Новиот потег на Бајден предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.