Формиран локалниот совет за превенција на општина Аеродром

Од:

Во просториите на Советот на Општина Аеродром се одржа првата конститутивна седница на која беше формиран Локален совет за превенција на Општина Аеродром. Основна и примарна цел на советот е преземање активности и креирање политики за подигнување на јавната безбедност на жителите на Општина Аеродром инфомираат од Општината.

– На првиот конститутивен состанок на советот присуствуваше градоначалникот Тимчо Муцунски, како и претставници од Министерството за внатрешни работи-ПС Аеродром, Министерство за транспорт и врски, Дирекција за заштита и спасување и Воена академија. На состанокот беше нагласена потребата од континуирано преземање мерки и активност за подигнување на безбедноста во Општината, како и лоцирање и изнаоѓање решенија за најважните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Аеродром. Локалниот совет за безбедност преставува тело каде ќе се предлагаат и дискутираат активност за подобрување на безбедноста на граѓаните во Аеродром. Тој е од огромно значење за жителите на општината и има пред се превентивна улога. Креирање на безбедни средини за живеење е еден од приоритети на општинската администрација и иднина планирано е учество во ова тело со свои предлози и сугестии да учествуваат и граѓаните на Општина Аеродром се вели во соопштението од општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода