Кризата се повеќе се чувствува а се повеќе Шпанци одат преку граница.
До крајот на јуни 40.625 Шпанци емигрирале, за разлика од истиот период лани кога емигрираа 28.162.
Во првата половина од годината од Шпанија заминаа и 228.890 странци, наведува Националниот институт за статистика на Шпанија.
Шпанија по втор пат западна во рецесија во последните три години, со 25% невработеност.
Шпанското население порасна речиси за 20% во деценијата пред почетокот на финансиската криза во 2008 година, и изнесуваше 47 милиони жители, кога милиони странци доаѓаа во земјата барајќи работа, додека сега Шпанија брои милион жители помалку.
Многу странци се враќаат дома заради слабите изгледи за вработување, а во исто време земјата ја напуштаат и се поголем број на Шпанци во потрага по работа.