Пожарот во Калифорнија не стивнува, загрозено е и водоснабдувањето

Од:

Пожарот кој го зафати националниот парк Јосемити во Калифорнија пред речиси 10 дена не стивнува и сега се заканува да го загрози и речниот резевоар од кој со вода се снабдува поголемиот дел на Сан Франциско.

Огнената стихија, на која дополнителен проблем и прави и силниот ветер, се приближи на само шест километри од резервоарот, од кој со вода се снабдува 85 отсто од Сан Франциско, кој има 2,6 милиони жители, како и неколку околни места.

Анализите покажале дека квалитетот на водата засега е добар, но се стравува дека пепелта би можела да го загади вештачкото езеро.
Гувернерот на Калифорнија Џери Браун пред три дена поради пожарот прогласи вонредна состојба во Сан Франциско.

Загрозени се повеќе од 5.000 домови, а на терен се наоѓаат околу 2.800 пожарникари кои се борат со огнот.

Според проценките, пожарот досега зафатил околу 600 километри квадратни.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран