ВИДЕО: Голема експлозија во турски рудник, десетици рудари заробени под земја

Од:

Десетици рудари останаа заробени под земја по денешната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција, јавува Анадолија.

Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во крајбрежната провинција Бартин на Црното Море во 18:15 часот по локално време (15:15 часот по Гринич).

На местото на настанот се испратени медицински екипи и пожарникари.

– Спасувачките тимови успеаја да извлечат 14 рудари, додека најмалку 49 се уште се заробени, рече гувернерот на Бартин, Нуртац Арслан.

Засега нема пријавени жртви.

Турската управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека експлозијата во рудникот во населбата Амасра била предизвикана од трансформатор.

Министрите за внатрешни работи и за енергетика и природни ресурси на Турција Сулејман Сојлу и Фатих Донмез ќе отпатуваат во Амасру по инструкции на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски