Првото потресување во британската влада: Премиерката разреши министер по помалку од шест недели на функција

Од:

Британскиот министер за финансии Кваси Квартенг е сменет по помалку од шест недели на функцијата, објави денеска Би-Би-Си.

Неговото разрешување го прави британскиот канцелар со најкраток стаж од 1970 година. Неговиот наследник ќе биде четвртиот министер за финансии во Велика Британија за четири месеци, додека нацијата се бори со кризата на трошоците за живот.

Се очекува во следните неколку часа премиерката Лиз Трас да ги објасни причините за смената на Квартенг.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП